Лишен од слобода кочанчанец во Велес и дете натепано од дете
Објавено на 8 јуни, 2023 во 13:30
Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.С.(28) од Кочани вчера, 7 јуни, во 16:15 часот во Велес.
Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кочани за издржување мерка притвор.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката притвор.
Според полицискиот билтен, вчера, во Полициска станица Велес татко пријавил физички напад врз син. Во 14:30 часот четириесет и пет годишниот А.Л пријавил дека на ракометното игралиште во Градскиот парк неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.
Од СВР Велес информираат дека се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева