Лишен од слобода скопјанец за закани со ловечка пушка кон седум мажи во Богомила
Објавено на 3 мај, 2024 во 13:13
Полициски службеници од Полициското одделение Чашка рано утринава во 01:20 часот, го лишиле од слобода Ѓ.Ѓ.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од лицето Н.Д.(37) од село Богомила дека пред објект во селото Ѓ.Ѓ. со ловечка пушка му се заканил нему и на С.С., М.Д., Б.Ј., Т.Д., П.Б. и Д.Ѓ.
Триесет и шест годишниот скопјанец бил задржан во полициска станица. Полицијата известила Јавен обвинител и по документирање на настанот протв него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк