Малолетничка лажно пријавила дека била силувана во Велес
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека малолетната девојка којашто на 18 септември, годинава, во Полициска станица Велес пријавила дека е физички нападната и дека врз нејзе е извршена обљуба од страна на неколку лица на место викано „Дворови“, во текот на денешниот ден, изјавила дека лажно ги пријавила лицата.
-Во врска со случајот со пријава за обљуба врз малолетничка-штитеничка на ЈУМЦСР-град Скопје од страна на неколку лица на 18.09.2021, ја известува јавноста дека малолетничката во полициска станица изјави дека лажно ги пријавила лицата и дека не и била извршена обљуба, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
По целосно документирање на случајот против малолетничката ќе биде изготвен соодветен поднесок за лажно пријавување.
Дума.мк се извинува за вознемирувањето на своите читатели од првично објавениот текст во којшто беше пренесена веста дека малолетничка од Скопје била силувана во Велес.
Стефани Манева