Малолетничка принудувана да дава сексуални услуги на четворица кавадарчани и еден неготинец
Министерство за внатрешни работи соопшти дека Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“, извршено од страна на пет лица.
Поточно, четворица кавадарчани В.Д .(39), К.Р.(24), В.Б.(26) и А.Д.(23) и Н.И (21) од Неготино, во временски период од август до 19 септември, минатата година, користеле сексуални услуги од малолетничка на различни локации за паричен надоместок од 1000 до 2000 денари. Дваесет годишниот М.К со употреба на физичка сила и закани, како и психолошко насилство ја принудувал малолетничката на вршење полови дејствија и давање сексуални услуги на петте пријавени лица.
-За М.К од страна на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во моментот се спроведува истрага за сторено кривично дело „Трговија со дете“ (чл.418-г од КЗ), соопштија од МВР.
Во саботата, на 14 јануари, врз основа на издадени судски наредби од Основе кривичен суд Скопје, на подрачјето на Кавадарци извршен е претрес во домовите и други простории кај пријавените. Петте лица се лишени од слобода и против нив од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупцијае поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво во член 418-г став 3 од Кривичниот законик.
Дума.мк