Манифестација за одбележување на „Свети Трифун“ се одржува и во Младински парк во Велес (видео)

Со попладневна и вечерна музичка програма денешниот ден „Свети Трифун“ се одбележува и во Младински парк во Велес. „Бериќетно лозје за чаша добро вино“ е манифестација којашто ја отворија учениците на ОМУ„Стефан Гајдов“ од Отсек за традиционални инструменти во 17:00 часот. Според програмата по нив следеше едночасовниот настап на интерпретаторот Иван Милевски и групата „Fantasy bend“.

Велешани од 20:00 часот го проследија и се забавуваа со настапот на „Тринити бенд“ додека во моментов се случува настапот на Чалгија Саунд Систем.
За добра забава и прослава на верскиот празник Свети Трифун граѓаните кои се во Младински парк имаат можност да наздрават со вино, пити пастрмалии, пици а за сладокусците има и печени костени кои се продаваат во дрвените куќички. Работи и штандот за кафе и негазирани пијалоци.
Манифестацијата „Бериќетно лозје за чаша добро вино“ ја организира Општина Велес.
Дума.мк ви пренесува дел од атмосверата вечерва во Младински парк.
Убавка Јаневска
