Маж испил солна киселина, итно транспортиран на Токсикологија во Скопје
Објавено на 22 ноември, 2021 во 17:16

Екипа на Итна медицинска помош денеска околу 15: 05 минути интервенирала и го транспортирала во велешка болница четириесет и девет годишениот маж кого го пронашла над Спомен костурница во Велес.
Тој бил свесен при прегледот и интервенцијата од страна на лекарскиот тим на Итна медицинска помош. Лицето со брза помош било пренесено на Интерно одделение во ЈЗУ Општа болница Велес.
-Пациентот беше примен на Интерно одделение, прегледан и медицински третиран но, поради испиена поголема количина на солна киселина и сериозноста на неговата здравствената состојба која е животозагрозувачка веднаш е транспортиран на Клиника за токсикологија во Скопје, рече портпаролката д-р Елена Левкова Ќулумова.
Убавка Јаневска
