Маж прободен со нож во Велес

Објавено на 29 септември, 2021 во 09:50

Немилиот настан се случил рано утринава, околу 2:30 часот, на улица „Максим Горки“. Тогаш повик за интервенција примила екипата на Итна медицинска помош којашто интервенирала веднаш.

-При прегледот лекарот констатирал смрт кај мажот здобиена  од убодна рана со нож во граден кош, рече д-р Васе Пановска Поп Стефанова.

Детали за случката најави и СВР Велес  чија екипа направила увид на местото на несреќата.

Неофицијално убиениот маж бил на 40 годишна возраст и бил полицаец.

Убавка Јаневска 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.