Млади Велешани дадоа идеи за мотивација на бизнис заедницата како поддржувач на проекти
Младите Можат го организираа настанот Идентификувај – Инспирирај – Делувај“ во просториите на Европска куќа во Велес. За време на настанот се одржа и панел дискусија помеѓу тројца панелисти и тоа Бојан Кордалов-специјалист за комуникации и нови медиуми, Анита Николовска-претставник на Младите можат, Стефан Атанасовски- Трајковиќ-претставник на МЛБ во Велес и беа потенцирани предизвиците со кои се соочуваат младите во општината.
-Целта на настанот беше промоција на проектот кои ги поддржува иницијативите на младите и кои ќе овозможи финансирање на младинските проекти со поддршка од локалните фирми. Во текот на дискусијата беше вклучена и публиката која одговори на прашања поврзани со проектот. Младите ги искажаа своите размислувања и пристапија со идеи за поголема ефективност на проектот. Се водеше дискусија за актуелните предизвици на младите во Велес и решавање на проблемите на младите. Се исполни главната цел на настанот, да се оствари контакт помеѓу младите како неформална група и локалните фирми. Исто така, присутни беа и членови на невладини огранизации и секако учесниците во проектот кои се надеваат дека ќе наидат на соработка со компаниите, рече Александра Чатмова којашто е дел од проектот.
Оваа панел дискусија е дел од проект насловен „Младински локални банки“ со кој се идентификуваат младинските потреби и предизвици на локално ниво и преку кој се инспирираат младите по што би делувале за адресирање и решавање на истите.
Стефани Манева