Младински парк ги доби првите гости, Мечето Теди ги подели првите гушкања, на годинешниот „Винтерфест“ (фото и видео)
Ако се симнете во Младински парк од влезот, од страната на зградата на велешки Театар „Џинот“ и стигнете пред поставената бина таму ве пречекува прегратка од домаќинот на годинешната манифестација „Винтерфест“. Гушкањето и фотографирањето со Мечето Теди е бесплатно. А тоа попладнево во 16:30 часот ги изгушка првите најмлади велешани кои со своите родители всушност беа и први гости на манифестацијата. Се направија и првите фотографии.
Во дрвените куќички веќе има храна, слатки, кафиња и разни видови на вина како и безалкохолни и алкохолни пијалоци. По обиколката на екипата на Дума.мк забавата на „Винтерфест“ започна.
И базарот ги има првите ракотворки. Нивнитерачни ракотворби се ставени на продажба.
Вечерва до 23 часот во Младински парк и на „Винтерфест“ секој може да се забавува како сака. Еве кој ќе го води главниот забавен збор според програмата.
Убавка Јаневска