Момче од село Мартолци со мопед излетало од пат и се здобило со тешки телесни повреди

Објавено на 30 јули, 2021 во 12:31

                                    

На регионалниот пат село Богомила – село Стари Град, пред „Теовски мост“, во општина Чашка, А.М.(18) од село Мартолци, општина Чашка, управувајќи мопед „лифан“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола, по што излетал од коловозот и паднал. Сообраќајната незгода е пријавена на полноќ во Секторот за внатрешни работи Велес.

Во незгодата, А.М. се стекнал со тешки телесни повреди, а малолетен сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. По извршените потребни иследувања А.М  препратен е од велешка болница на Неврохирургија во Скопје додека малолетното лице е пуштено на домашно лекување.

Увид на местото извршила екипа на СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.