Момче при бегство кај Отовица удрило со кола во сообраќајни знаци, полицијата испукала и предупредувачки куршуми

Објавено на 1 август, 2023 во 11:07

Дваесет годишниот Б.Ш од село Морани, Општина Студеничани, вчера, во 19:20 часот во населба Отовица бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Момчето претходно на даден знак за запирање од страна на полицијата не застанал и се обидел да избега.

– При обид за бегство со возилото „мазда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во сообраќајни знаци поставени покрај патот, по што го напуштил возилото. Откако неколку пати не застанал на дадена наредба, полициски службеник испукал два предупредувачки куршуми во воздух, по што лицето застанало и било лишено од слобода, соопшти портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

По документирање на случајот, против него бил поднесен соодветен поднесок.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.