МЖ исплати плата за април, возовите сообраќаат

Објавено на 5 јуни, 2023 во 18:27

Попладнево националното железничарско претпријатие им исплати плата за месец април на вработените. Возовите сообраќаат.

Исплатата ја изнудија вработените во Работна единица одржување – работилница во подружницата влеча на возови при ЖРСМ Транспорт. Тие утринава одбија да работат. Своите барања им ги испорачаа на раководителите. Работниците бараа исплата на плата за месец април и соопштија дека до исплатата нема да ги одржуваат локомотивите и патничките гарнитури.

Како што дознава Дума.мк денеска на сите вработени во Национални железници на Македонија им е исплатена платата за месец април.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.