На „48 Општински натпревар по прва помош“, победија екипите на ООУ „Блаже Конески“и на ОСУ „Гимназија Кочо Рацин“ (видео и фото)

Објавено на 23 април, 2025 во 13:03

Паркот пред дворот на велешка Гимназија претпладнево изгледаше на парк на хуманоста. Во него се одржуваше 48-миот Општински натпревар по прва помош во организација на Општинската организација на Црвениот крст Велес. Осум екипи, по четири на основните и средни училишта во градот, се натпреваруваа и ги покажаа своите знаења и вештини за укажување на прва помош. Многу е значаен овој натпревар во кои учествуваат ученици затоашто како Општинска организација на Црвен крст посветуваме особено внимание на едукацијата на оваа категорија на наши сограѓани, меѓу другото рече срекретарот Орце Николов.

На четири пункта се одржуваше натпреварот во кој учениците освен натпреварувачки дух покажаа спретност, брзина и сигурност при симулациите на повредени или  ученици со различни здравствени симптоми.

Се што тие препознаваа,интервенираа и спасуваа животи, во симулациските вежби, го оценуваа тимови на судии составени од искусни лекари и волонтери на велешки Црвен крст. Натпреварот заврши со прогласување на највештите поточно екипите на училиштата.

Фото : Победничката екипа на велешка Гимназија Кочо Рацин

Во натпреварувачката категорија на ученици од средните училишта победник е ОСУ „Гимназија Кочо Рацин“ со освоени 277 поени. На второ место се пласираше екипата на ССОУ „Димитрија Чуповски“ со само два поени помалку, третото место го освои екипата на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ со 270 поени и четвртото место и припадна на екипата на ОСУ„Јовче Тесличков“ со освоени 233 поени.

Фото: Победничката екипа на ООУ „Блаже Конески“

Победник во категоријата на екипи на основни училишта во Велес се учениците кои тимски го претставуваа ООУ „Блаже Конески“ со 277 поени, ворото место го освои екипата на ООУ „Панко Брашнаров“ со 263 поени, на трето место се пласираше екипата на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ со 250 поени и на четвртотот место екипата на ООУ„Васил Главинов“  со 220 освоени поени.

Сите ученици добија дипломи и за победничките екипи беа обезбедени пехари.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.