На Богојавление – Водици, традиционално велешани на бреговите, а пливачите по Светиот крст во река Вардар (фото и видео)
Голем број на граѓани на Велес и годинава присуствуваа на манифестацијата што по повод големиот Христијански празник Богојавление – Водици се случува во центарот на градот кога Светиот крст се фрла по водите на река Вардар. Сите тие прво ја пречекаа литијата предводена од Митрополитот Повардарски господин Агатангел и го пролседија чинот на фрлање и фаќање на Светиот крст.
Годинава во манифестацијата учествуваа 71 пливачи а меѓу нив повторно имаше и жена. Тоа е девојката Ели Апостоловска која до сега три пати се пријавува и во два наврати се обидува токму таа да биде најсреќниот граѓанин на Богојавление – Водици.
По чинот на фрлањето и фаќањето на Светиот крст од страна на Игор Василевиќ во Епархијата Повардарска се случи дарувањето од страна на бројни донатори на манифестацијата.
Стефани Манева
Фото: