На лекување во велешка болница 42 ковид пациенти од нив 32 потврдени позитивни
Објавено на 24 ноември, 2021 во 11:48
Четириесет и два пациенти се хоспитализирани во велешка болница, од нив 32 се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и осум пациенти се со негативен тест .
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 20 пациенти, на Интерно одделение Б се лекуваат пет пациенти и во Модуларна болница 17 пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На континуирана кислородна поддршка се 17 пациенти.
Во изминатите 24 часа од болничко лекување испишани се осум пациенти како оздравени.
Стефани Манева