На Првомајскиот синдикален протест на ССМ во Скопје имаше работници и од Велес, граѓаните традиционално беа на бреговите на езеро „Младост“ и на река Бабуна (ФОТО)

Објавено на 1 мај, 2025 во 14:08

Вработени од фабриката за шински возила „Колска“ како и членови на гранкови синдикати на ССМ како што се образование, полиција, здравство и други од Велес, денеска, земаа учество на Првомајскиот протест којшто Сојуз на синдикати на Македонија го организираше во Скопје под мотото „„Ако не ние, кој? Ако не сега, кога?“.

Велешани во голем број сепак ја избраа втората опција празникот на трудот да го одбележат со посета на двете трациционалните излетнички места околу градот, како што се бреговите на езеро „Младост“ и река „Бабуна“.  На традиционалното печење на скара, мезе, ракија, пиво или сок се собраа поголем број на граѓани покрај езеро „Младост“. Слободно место немаше во тамошните ресторани на мотелот и хотелите. И додека таму во огромниот број на паркирани возила освен со регистрации од Велес можеа да се забележат и голем број на автомобили од Скопје на бреговите на река „Бабуна“ празнуваа исклучиво граѓани од Велес.

Фоторепортерот на Дума.мк денеска на терен го забележа следново:

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.