На територија на СВР Велес, викендов, спроведени две акциски контроли

Објавено на 21 февруари, 2022 во 10:23

На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, во саботата, 19 февруари, била спроведена пет часовна акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

-Во период од 22:00 до 04:00 часот биле констатирани и санкционирани 14 прекршоци, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Исто така, во неделата оод 12:00 до 18:00 била спроведена и акциска контрола за возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на оваа контрола, полициските службеници констатирале и санкционирале 76 прекршоци.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.