Намален бројот на хоспитализирани ковид пациенти во велешка болница

Објавено на 14 април, 2022 во 11:27

Во ЈЗУ Општа болница Велес, вкупно се хоспитализирани седум ковид пациенти од кои еден е потврден позитивен, тројца се сомнителни и тројца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат двајца и на Интерно Б одделение пет пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.

На кислородна поддршка се тројца пациенти.

Во изминатите 24 часа од болничко лекување испишани се двајца пациенти.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.