Недела на матурски вечери во Велес: Вчера вечер славеа учениците на СОУ„Јовче Тесличков“ (фото и видео)

Објавено на 17 мај, 2023 во 17:02

Втората вечер од неделата на матурантите во Велес ја одбележа забавата на учениците од СОУ„Јовче Тесличков“. Во мотел „Бела вода“ тие ги славеа крајот на средното образование и полнолетството. Забавата се одржа вчера вечер. Еве дел од видео материјал што тие ни испратија.

Млади, убави и весели девојчиња и момчиња, можеа да се забележат и утринава по улиците на Велес. По задолжителното пиење кафе во кафетерија и матурантите на економското училиште прошетаа до училишната зграда и за последен пат како средношколци, сите заедно, ги посетија училниците во кои поминаа четири годишно образование.  

Во училишниот двор и во холот на зградата матурантите се забавуваа со тапанџија и зурлаџија. И дел од учениците удираа на музички инструменти што сами си ги набавиле.

Вечерва во Велес матуранти се учениците на хемиското училиште „Димитрија Чуповски“.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.