Неготинец и Росоманец завршија во полиција, агресивно однесување и алкохол се причините

Двете приведувања се случиле во вчерашниот ден, во попладневните часови. Првото, во 15:10 часот кога полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино го привеле Е.Ј.(18) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејниот дом агресивно се однесувал кон неговите родители.
-При преземање мерки од страна на полициските службеници , кај него биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска потпаролка на Сектор за внатрешни равоти Велес.
Таа за второто приведување соопшти дека се случило по 45 минути, во Росоман, каде интервенирале полициски службеници на Одделение за внатрешни работи на Кавадарци.
– Приведен е О.Л.(40) од Росоман затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При преземање мерки, кај него биле измерени 3,66 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, О.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаде Ѓаковска.
Убавка Јаневска


