Актуелниот пратеник Ванчо Апостолов единствен кандидат за градоначалник на Неготино!
До саботата, на полноќ, поднесени се вкупно 5 листи со кандидати за членови на Советот. Опозицијата предводена од СДСМ и во Неготино нема да оди на избори.
Ванчо Апостолов,актуелниот пратеник во македонското Собрание од владејачката ВМРО ДПМНЕ е единствениот кандидат чија кандидатура за градоначалник е доставена во законски утврдениот рок до ОИК во Неготино.
На локалните избори, кои ќе се одржат на 24 март, годинава, вкупно ќе учествуваат 5 листи со кандидати за членови на Советот на општина Неготино.
Според Општинската изборна комисија, прва била примена кандидатурата на партијата на власт ВМРО ДПМНЕ со коалиционите партиите, втора е листата на партијата ДОМ на Лилјана Поповска,третата ја поднеле од партијата СДУ,а две доставиле групи на граѓани.
Сојузот за иднината согласно законскиот рок не ја достави кандидатурата за градоначалник на доц. др Силвана Филипова од СДСМ ниту листа со предложени членови за идниот Совет.
Нема поднесено кандидатура ниту од било која друга партија од опозицискиот блок во Неготино со што тие остануваат на ставот да ги бојкотираат изборите./Б.Н.Т