Неготинци за Маја: Желбата ќе стане реалност, болеста мора да се победи!
Здружението на самохрани мајки „Надеж“ и клубот на млади на Црвен Крст во ноќниот клуб Акрополис синоќа организираа хуманитарна забава и приходот и го подарија на Маја Керова Бабунска.
– Биди човек, избори се и помогни… Хуманоста не познава граници! Нашата желба ќе стане реалност. Нашата Маја Керова ќе замине на лекување во Хјустон, САД, ова беше синоќешната порака на организаторите кој потенцираа дека треба да се спојат хуманоста и енергијата и да се создаде свет во кој сакаме сите да живееме.
На забавата учествуваа: Игор Узунов,W бенд, Епидемија, Мики Секуловски, Нико Ѓорѓиевски, Андријана Јаневска, Кацар, Сиги, Џоле, вклучувајќи ја и неговата дружина, Пука Козметика, Зад Аголот, Ники Пантефор, Кирил Насковски.
Водител на настанот беше актерот со потекло од Неготино Роберт Ристов.
Во преполнетата дискотека на присутните им се обрати и Маја која со солзи во очите не можеше ништо да каже освен едно големо благодарам за несебичноста и хуманоста на луѓето кои се сочувствуваат со нејзината судбина.
Маја од пред три години се бори со ракот на дојка кој и покрај хируршката интервенција и терапија која секојдневно ја прима метастазира на карлицата и на коската на десната нога а промени се јавуваат и на други органи.
Средствата и се потребни за да го продолжи лекувањето во клиниката на др.Бурзински во Хјустон кој работи со персонализирана терапија базирана на молeкуларно профилирање.
Трошоците за почнување на третманот се движат од 24 до 30 илјади американски долари а терапијата коа трае од 8 месеци до една година чини од 60 до 180 илјади долари.
Маја Керова Бабунска е сопруга на Ѓоко и мајка на две ќерки Ели 12 и Надица пет години./Б.Н.Т