На неготинка и треба помош за операција од која и зависи животот!
На неготинката Стојна Глигорова и е потребна помош од граѓаните. Триесет и едно годишната жена, мајка на две деца, шеста година боледува од верифицирана црнодробна цироза, најверојатно од имуногено потекло.
Поради тоа таа мора итно да замине на трансплантација на црниот дроб во специјализирана установа во Истанбул,Турција.
Операцијата чини 8000 евра но бидејќи нејзиното семејство се корисници на социјална помош овие средства не се во состојба сами да ги обезбедат. Донатор на црниот дроб за 31 годишната неготинчанка ќе биде нејзината мајка.
Мајчината љубов нема граници затоа Глигорови апелираат за помош од хуманите луѓе кои можат да помогнат да се спаси животот на оваа млада мајка.
Сите граѓани кои сакаат да помогнат истото можат да го сторат на следнава жиро сметка 210 501667091616 во Тутунска банка./Б.Н.Т