Како да се користат средствата од ИПАРД програмата?
Промените, во ИПАРД програмата денеска им беа презентирани на земјоделците од неготинско со цел тие полесно да дојдат до средствата од истата и да го модернизираат своето производство
Како да се купи механизација, да се модернизираат фармите, оранжерии, млекарници, да се обноват преработувачки капацитети, изградба и реновирање на објектите за рурален туризам со средства од европските претпристапни фондови, ова го овозможуваат најновите измени на ИПАРД програмата.
Со ова значително ќе се поедностават процедурите за апликaцијa од страна на земјоделците, ќе се прошири интервалот на финансиите што се добиваат при кофинансирање на проектите, ќе се подобрат условите и ќе се намалат трошоците за земјоделците кои сакаат да аплицираат и треба да се обезбедат елаборати и документи.
Презентацијата се одржа во рамки на ИПАРД форумот „Нови измени во ИПАРД Програмата – подобри можности за користење на европските фондови“. ИПАРД Програмата во нашата земја се акредитираше во 2009 година и досега се објавени седум огласи.167 договори за користење на дел од европските пари се склу;ени во рамките на шесте јавни повици.
Изминатиов период Агенцијата редовно објавуваше огласи, акредитираше нови мерки со кои се очекуваше да се привлечи вниманието на земјоделците и агробизнисмените, но сепак , голем дел од средствата останаа неискористени./ Б.Н.Т