Исчистени наносите на мостот на Вардар кај Војшанци!
Со моторна пила и други реквизити искусниот алпинист Александар Василевски со асистенција на уште неколку негови колеги се зафатија со целосно расчистување на наносите од дрвја и друг материјал на носечките столбови на мостот кај селото Војшанци.
Акцијата за расчистување уследи по реакцијата на месното население до локалната самоуправа за проблемот со мостот .
Според Василевски, големите дождови и надојдените води на реката Вардар придонесоа за создавање големи наноси кои претставуваа потенцијална опасност за оштетувања, покрај на едниот, и на останатите столбови од мостот. По 4-дневно работно ангажирање, наносите од дрвја и други материјали се комплетно отстранети , а еден дел е однесен од водите на Вардар, така што дојде до ослободување на столбовите и елиминирање на притисокот што врз нив го создаваа наносите.
Од Македонија пат информираа дека мостот бил изграден во шеесетите години од минатиот век. Истиот бил проектиран за помали оптоварувања, но како минувале годините оптоварувањето врз него се зголемувало.На сево ова влијаело и варирањето и водостојот на реката Вардар бидејќи во минатото немало изградено брани и хидроцентрали, а сега има па во едни такви услови нормално е и да се јават оштетувања на двата столба од мостот. Б.Н.Т