Неготинци добија нови контејнери и камион за смет!
Тие се наменети за жителите во руралните средини. Камионот ќе кружи низ населените места во општината и ќе го собира сметот од вкупно 47 нови контејнери во кој жителите ќе бидат задолжени да го фрлаат. Нив јавното комунално претпријатие Комуналец ќе треба да ги распредели рамноправно според бројот на жители.
Возилото чини 4.472.000 денари, додека 47-те контејнери за комунален и индустриски отпад од 1,1м3 чинат 696.200 денари.
Неготино ги доби преку проектот „Управување со отпадот во руралните средини во општината“. Набавката произлезе како граѓански приоритет кој општината го утврди на петтата форумска сесија од програмата „Форуми на заедниците“.
Денеска градоначалникот Ванчо Апостолов на директорката на претпријатието Наташа Лазова и ги предаде клучевите од камионот за смет./Б.Н.Т