Странец предизвика сообраќајка во центарот на градот!
Се судрија Фијат пунто со белградска регистрација и Хјундаи со неготински регистерски таблички денеска напладне на булеварот Маршал Тито во Неготино.
Во несреќата се повредени двете лица кои биле во Хјундаито А.Р (39) и Д.П (48) кои веднаш биле пренесени во болница. Тие се здобиле со полесни повреди. Рани на главата од скршеното стакло имал А.Р затоа е задржан на болничко лекување.
Во возилото со странска регистрација имало тројца патници но тие немале повреди.
Според полицијата во Неготино сообраќајката ја предизвикал државјанинот на Србија кој го управувал возилото Фијат пунто и не му дал предимство во разминувањето на возачот на Хјундаито. На лице место увид направиле истражен судија, јавен обвинител и полицијата. На странецот му бил одземен пасошот. Утре ќе биде изведен на суд./Б.Н.Т