Неготино бара странски инвеститори за индустриската зона Црвени брегови!
Објавено: 9 јули, 2013, во 10:57 часот
За активностите што општината ги спроведува за решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, како и за напорите за привлекување домашни и странски инвеститори кои имаат цел за отворање на нови производствени капацитети и работни места, разговараа градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов и амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Јожеф Бенце.
– Интересот беше ставен на промоцијата на новата индустриска зона Неготино во близина на селото Црвени Брегови, рекоа од oпштина Неготино.
Амбасадорот Бенце ја посети општината и со домаќинот разговараа и за други активности на општината./Б.Н.Т

