Во Неготино се испитуваат причините за загубите на вода
Секојдневните рестрикции на водата за пиење во градот Неготино и дел од населените места ги натераа надлежните во локалната самоуправа да ангажираат стручна фирма која ќе реализира теренски мерења.
Тие имаа за цел да ја утврдат потребата на реалните количини на вода кои доаѓаат до домовите на потрошувачите и нејзината распределба по зони на потрошувачка. На овој начин се утврдувале проблематичните реони каде се јавува прекумерната потрошувачка, особено во оној период кога во градот има минимална потрошувачка на час.
Стручни лица и екипа на ЈП Комуналец деновиве ги дефинираа локациите и бројот на мерните места за проток врз основа на потребите, условите и можностите присутни на терен. Фирмата Аквасеив од Скопје изврши мерења на 12 мерни места како и мерења на притисок на вкупно 23 мерни места. Сега се чекаат резултатите од извршените мерења на проток и притисок и испитување на местото на дефект./Б.Н.Т