Интернационален камп за деца во Неготино: „Расположението е се“ !
Сојузот на НВО Вавилон, по втор пат е домаќин на Интернационалниот камп за деца и млади кој ќе се одржува во наредните два дена.
Интернационалните тимови TWI for children овие два дена ќе имаат можност да работат со лица на возраст од 18 до 30 години и при тоа да се стекнат со одредени вештини во комуникација, подобро снаоѓање во работа, подобрување во делот на вештините во јавниот настап како и теми за мотивација и подобро снаоѓање во животни ситуации.
– Ова е една мисионерска работа на Балканот се со цел да помогнат на младите луѓе и нивните постапки во иднина. Развиваат две програми од кои едната е за млади лица а другата е за деца на помали возрасти и нивната мисија продолжува и оваа година не само во Македонија туку во Србија, Босна и Херцеговина како и во Косово, истакна Лолита Ристова од Вавилон Неготино.
Боби Хаусер претседател на организацијата TVI for children рече дека во своите активности имаат работа со студентите, а претходно биле во Босна и Херцеговина каде две недели работеле со деца во Дом за сираци од ромска националност. Имале активности и во Србија.
– Нашите работилници се наменети за млади лидери, односно како да потполнат студентите правилна апликација за работа во странство. Исто така ќе стане збор за тоа како да се стане лидер и покажување на нивните способности. Најмногу сакаме да обрнеме внимание кои се карактеристиките за една добра професија а некои од темите се стресот и како да се направат контакти. Исто така важен е мотивот кога барате работа која ви е потребна. Во Македонија има странски компании каде може да се работи и ние ќе се обидеме да покажеме како да се почитуваат различните култури,нема да навлегуваме во религијата и политиката но сепак важно е тоа да се почитува“,истакна Хаусер.
Оваа година слоганот на работилницата е „Расположението е се “што значи најважно е наутро кога ќе се разбудите какво ќе биде вашето расположение кое потоа ќе влијае преку целиот ден,посочија предавачите на денешната работилница./Б.Н.Т