Распрскувачи на вода во Неготинско предизвикаа проблем на далековод на Мепсо
Две минутен испад на 400 киловолтен далновод трафостаница Дуброво се случил вчера, информираа денеска од МЕПСО. Испадот го предизвикале распрскувачи за наводнување кои ги испрскале јажињата на далеководот. Тие биле поставени во нивите и лозјата во близина на Неготино.
Од Македонскиот електро преносен систем оператор апелираат земјоделците да бидат максимално внимателни кога ја поставуваат опремата, бидејќи го ризикуваат својот живот.
„Сопствениците на земјоделски површини да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување во близина на далноводи од преносната мрежа. Ве молиме да бидете особено внимателни при поставување на прскалки со кои се наводнуваат култури на земјоделски површини низ кои поминуваат далноводите со кои управува МЕПСО“ рече денеска портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов./Б.Н.Т