Питомците, хумано подадоа раката на корисниците на Дневниот центар Порака
Интернационален тим од десетина питомци од Република Македонија, Обединетото Кралство, Косово, Црна Гора и Соединетите Американски Држави, учесници на Летниот Кампус 2013 ги посетија корисниците на Порака. Тие ја донираа својата дневна ужина, како поддршка на проектот за социјално вклучување на лицата со пречки во менталниот развој во заедницата. Питомците на дневниот центар му донираа и голем број на пластични шишиња.
Корисниците пред гостите се претставија со нивните секојдневни активности и додека некои од питомците учеа како да нижат монистри и да изработуваат обетки и ланчиња, други пак учеа да плетат и да везат, а трети играа кошарка и пинг понг со корисниците.
Мајорот Д-р. Лазар Ѓуров им оддаде јавно признание на питомците и се заблагодари на Центарот во Неготино што по втор пат успешно се реализира цивилно-воената соработка особено што им даде можност на питомците да се дружат со корисниците. /Б.Н.Т