Неготино ќе го развива пчеларството заедно со грчка општина
Неготино и грчката општина Алмопиа ќе го развиваат пчеларството и производството на мед во пограничната област. За таа цел денеска во општината се одржа средба меѓу претставници на двете општини.
Се договараа околу апликацијата која треба заедно да ја поднесат за да обезбедат странски пари за реализација на проектот “подршка и развој на пчеларството во прекуграничната област“.
На средбата беше речено дека од соработката може да се постигнат одлични резултати и да се искористат средствата што ги нуди ИПА програмата, во делот на пограничната соработка меѓу Македонија и Грција. И двете општини имаат одлични потенцијали за развој на пчеларството.
Oпштина Неготино веќе има искуство во реализација на проекти коии се дел од меѓународна соработка./А.Д