Неготинец обљубил лице со пречки во развојот
Објавено на 16 август, 2013 во 14:37
Шеесет и четиригодишниот С.Ш од Неготино обљубил триесет и двегодишно лице со пречки во развојот, откако го намамил давајќи му шеесет денари – соопшти полицијата.
С.Ш.(64) заработи кривична пријаза за сторено кривично дело „обљуба врз немоќно лице“.
На Плоштадот во Неготино, пријавениот вчера сретнал 32-годишно лице со пречки во развојот и го намамил да појде со него давајќи му 60 денари, по што извршил обљуба над него.
Полицијата работи на расчистување на случајот.