Три дена панаѓур во Неготино

Објавено на 21 септември, 2013 во 13:30

Стопанско туристичката манифестација е традиционална и на неа учествуваат голем број на занаетчии и фирми. Тие продаваат свои производи по намалени цени од вообичаените. Градот го посетуваат голем број на гости претежно од од соседните градови и од регионот. Од годинава општината определи дополнителен број на паркинг места кои се користат во  деновите додека се одржува панаѓурот.

– Сега се спроведува во дело одлуката која ја изгласаа советниците во Советот на општина Неготино. Во времениот сообраќаен проект се вклучени покрај вработени во локалната самоуправа и работници на неготинското јавно претпријатие „Комуналец”. Определени се осум локации на кои ќе може да се паркира. На улиците „Маршал Тито” и „Партизанска”, старата гимназија, во близина на основните општински училишта „Гоце Делчев” и „Страшо Пинџур”, рече Бранко Велјанов, комунален инспектор..

Сопствениците на автомобили ќе плаќаат по 50 денари а на комбиња или минибус по 100 денари за користење на паркинг местотот. На влезот во градот има редари кои ги упатуваат гостите на паркинзите каде има слободно место за паркирање.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.