СДСМ Неготино побара локалната власт да не бега од обврските кон избирачките одбори и ОИК
„Градоначалникот и локалната власт во Неготино бегаат од обврската за исплата на членовите на општинската изборна комисија и на членовите на избирачките одобри. Сметаме дека тие чесно и професионално си ја завршија законската обврска, а еве и по 6 месеци од изборите парите суеште не им исплатени“ обвини на прес конференција општинската организација на СДСМ Неготино.
Нагласија дека на секоја наредна седница , се додека не се стави оваа точка на дневен ред тие ќе инсиститале на тоа.
„На Неготино му се потребни реални вработувања, на Неготино му е доста од волонтирање. Ги повикуваме колегите од СДСМ да престанат да ги потценуваат граѓаните. СДСМ и советниците во советот и во иднина ќе продолжат да ги бранат интересите на граѓаните“ исто така беше речено на пресот.