Полицијата ги едуцира најмладите како безбедно да се движат по улица
Под мотото „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Републичкиот совет за безбедност заедно со Министерството за образование инаука и Министерството за внатреши работи, денеска за дечињата од претшколската возраст, од детската градинка „Фемо Кулаков“ во Неготино се одржа едукација како безбедно да се однесуваат во сообраќајот.
Командирот на сообраќајната полиција, Дејан Нацев, низ практични примери ги запозна децата со правилата за преминување улица, за значењето на светлата на семафорот, како и за општото однесување во сообраќајот.
Командирот, но и претседател на Републичкиот совет за безбедност нагласи дека оваа акција е најважна за оваа возраст кај децата, затоа што тие токму сега се во фаза кога треба најмногу да се подготват за тргнување на училиште, а со тоа и да ги научат сообраќајните правила на време.
По денешната сообраќајна обука на најмладите, во наредните неколку дена, претставници од Републичкиот совет за безбедност, ќе ги посетат и двете основни училишта во Неготино каде што ќе работат со учениците до петто одделение.