Два дена боеви гаѓања на полигонот Криволак
Од денеска на армискиот полигон Криволак се извршуваат боеви гаѓања. Командата на полигонот со предупредување до жителите од реоните на Џидимирци, Вардар Чифлик, Козарник, Кршковица и Бел Камен, сите околу полигонот, дека е забрането било какво движење.
Забраната е на сила до 10 октомври, бидејќи до тогаш на полгионот ќе се гаѓа со боева муниција.
“Во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока, како и оставање на моторни возила во наведените реони. Исто така се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку бидат пронајдени такви средства да се обележат и да биде известена командата на полигонот или полициските станици Штип, Неготино, Кавадарци или Градско“ се наведува во соопштението од командата.
Стрелиштето на кое се извршуваат планираните гаѓања ќе бидат видно обележани согласно со Законските прописи на АРМ, како и обезбедени со физичко обезбедување.