Во чест на општинскиот празник ставени во функција реконструирани објекти во Неготино
Објавено: 8 ноември, 2013, во 11:39 часот
Неготино денеска го слави денот на ослободувањето. По тој повод беше пуштено во работа реконструираното училиште во селото Долни Дисан и реконструираниот центар на селото Војшанци.
Училиштето доби модерен лик, а учениците и наставниците современи услови за работа. Реконструкцијата чинеше 2,7 милиони денари.
Целосно се реконструкција кровната конструкција, а се изгради и нова фасада на училиштето.
Комплетно реконструиран, уреден и асфалтиран центар доби селото Војшанци.
-Извршено е асфалтирање на површина од 1.800 м2 ,асфалтирани се 5 подолги и пократки улици во селото со должина од 300 метри, поставени се бетонски рабници на улиците од 600 метри, а на постоечките тротоари поставени се бекатон плочки на површина од 850 м2“ рече градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов.
На иницијатива на локалните жители, извршена е и комплетна санација и оспособување на постоечкиот бунар во селото кој сега е во функција на жителите./Б.Н.Т

