Се заканува ли еколошка катастрофа кај браната Липа?
Потегот на несовесен граѓанин да го извади исупусниот вентил на браната Липа кај Неготино придонесе целата вода од ена да се излее во реката Вардар.
Дознаваме дека околу 2 тони риба од сортите крап и карас лежат ан дното на браната,тони кал се расфрлани околу неа а близу 700 грла добиток останаа без вода за напојување.
-Човечки фактор го испуштил вентилот и целата вода истече ,за проблемот јас како претседател на село Липа,направив допис до Водостопанство,од таму ми рекоа дека за тоа било надлежно Министерството за животна средина,го препратив до нив списокот. Од министерство за животна средина се уште немам одговор иако им кажав дека ќе се направи голема катастрофа,помор на рибите,тука е и дивечот ,тука се напојуваат и стока околу 600 грла ,изјави Ѓелов.
На лице место го затекнавме и Мустафа Смаилов од село Корешница и тој ја носи овде стоката на напојување сега вели им се јавил голем проблем зашто располагаат со огромно стадо на кое му требаат големи количини на вода.
-Ние сме тројца браќа и поседуваме околу 500 грла говеда сега нема каде да ги поиме,претходните години ги поевме тука и сега оваа година со овој проблем нема каде да ги поеме,ние сме од село Корешница но на оваа брана се напојуваат и говедата од цела општина Демир Капија,од село Челевец,од Бистренци,Корешница, околу 700 грла говеда се собираат тука во село Липа,изјави Смаилов.
Според нив,сега морале да носат вода со црево на околу два километри оддалеченост за да може стоката да се напие но сепак ова е времено решение зашто станува збор за огромен број на добиток кој не може да се напои на овој начин. Браната на селото Липа е изградена пред дваесетина години и во изминатиов период постоеше постојано опасност дека еден ден поради дотраеноста ќе се излие и со тоа ќе ги доведе во опасност селата кои се наоѓаат во нејзина близина. / Б.Н.Т