Сточарите стравуваат за добитокот по несреќата со браната Липа
Жителите на населените места од Неготонско и Демиркаписко се во паника по информацијата за еколошката катастрофа која се случи на браната Липа.
Револтирани се на несовесниот граѓанин кој го украл вентилот и оставил целата вода да истече во реката Вардар. Сега е доведено во прашање според нив,напојувањето на 700 те грла добиток и огромните земјоделски површини.
-Има 5-6 години како што наводнувам ниви од браната,заедно со неколку соседи од селото,не ми се верува дека некој иам толкава храброст да го стори тоа,зарем не размислувал дека го доведува во прашање опстанокот на овој крај,праша 75 годишниот сточар од село Бистренци Ѓоко Камчев.
Вчера и други селани беа револтирани од состојбата стравуватакако ќе се заврши работата.
Инаку моментно браната Липа е со нерешен статус а како што дознаваме Водостопанство Тиквеш започнала постапка за стопанисување со неа.
Според техничкиот директор на Тиквеш Илија Темелковски браната е стара дваесет години а е изградена од тогашната земјоделска задруга но неколку години е без сопственик откако задругата заминала во стечај.
-Планираме да направиме неколку зафати на браната,да го санираме оштетениот дел и други работи,земјоделците и сточарите нека не стравуваат за одреден период ќе се наполни со вода и ќе ја има за следната сезона за наводнување,информира Темелковски.
Портпаролот на министеството за животна средина Сашо Секуловски изјави дека тие преку државниот инспекторат во координација со водостопанското претпријатие Тиквеш извршиле увид на лице место, каде е констатирано дека е украден вентилот и дека за тоа го известиле МВР.
Дека се запознати со состојбата потврдија и од СВР Велес кои веќе извршиле проверка на теренот./Б.Н.Т