СДСМ денеска ја претстави програмата пред неготинци
Објавено на 16 ноември, 2013 во 12:57
Потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов заедно со општинското раководство на партијата денеска беше во Неготино на средба со граѓаните. Им ги претставија мерките кои се насочени кон враќање на средната класа во земјава.
“Она што е посебно интересно за граѓаните овде, со оглед на резултатите од владеењето на оваа гарнитура веќе осум години, значи мерките од социјалната политика и пензиските мерки, а од друга страна мерки за вработување на млад кадар. И воопшто за подигање на приватниот сектор, за нови инвестиции, за пораст на економијата и она што сега станува актуелно за Неготино иако порано не било толку земјоделие. Значи мерки кои што ќе значат подобрување на земјоделието“ рече Узунов./ A.Д