Со камери ќе се штитат јавните објекти и опрема во Неготино
Објавено на 5 декември, 2013 во 10:30
Јавните објекти и опрема во Неготино ќе бидат под 24 часовен видео надзор информираа од локалната самоуправа.
Целта,како што објаснуваат од општината е да се заштитат веќе изградените објекти и поставената опрема на повеќе локации во градот.
Од општината се надеваат дека со видео надзорот ќе се стави крај на досегашните оштетувања, а сторителите во иднина полесно ќе се откриваат и санкционираат.
„ Секој несовесен поединец или група граѓани кои ќе бидат регистрирани на камерите дека прават несакани дејства ќе бидат пријавени до надлежните институции и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава пред судските органи“ стои во известувањето од општина Неготино.