Правата на потрошувачите претставени во Неготино

Објавено на 17 декември, 2013 во 14:33

Организацијата на потрошувачи на Македонија и Министерството за економија, во Неготино ги презентираа правата кои ги имаат потрошувачите и  како тие да ја препознаат нечесната пазарна пракса.

На  семинарот се говореше и за унапредување на знаењата и алтернативните форми за решавање на споровите во согласност со законската регулатива.

 

Претставниците на Министерството за економија и ОПМ извршија презентација на предлог- Законот за медијација, а пред присутните беа претставени брошурите на тема-„Потрошувачите и нвините права при организирани туристички патувања“, „Кои се правата на потрошувачите во договорите за потрошувачки кредити“ и „Нечесна пазарна пракса и како да ја препознаеме“.

На семинарот учество зедоа и експерти од Министерството за правда, Министерството за здравство, Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за животна средина, бизнис оператори и Здруженија на граѓани.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.