Ален Славица за Нова Година на плоштадот во Неготино!
Објавено на 19 декември, 2013 во 12:18
Неготино се подготвува за организиран дочек на новата година. Градот се облекува во новогодишно руво, а од локалната самоуправа велат дека се прават последните подготовки за да се покажат како добри домаќини за сите што ќе се одлучат најлудата ноќ да ја поминат на плоштадот.
„Предвидена е четири часовна забава, а за доброто расположение на присутните граѓани ќе се погрижат еминентни естрадни уметници. Свој настап ќе има еден од најпопуларните интерпретатори од Хрватска, познат по легендарната „Дао сам ти душу“, Ален Славица, група Чардак и групата Деј Килд Кени“ рекоа денеска од општина Неготино.
Зачекорувањето во новата година ќе биде одбележано и со спектакуларен огномет.