Загина младо момче во Неготино
Објавено на 20 декември, 2013 во 08:28
Деветнаесет годишниот Александар. Ј од Неготино утринава околу 4.20 часот го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи во центарот на Неготино.
Тој бил во возилото марка „Мерцедес“ управувано од Ј.А (27) исто така од Неготино. Возачот ја загубил контролата над возилото и удрил во семафорот и канделабрите на крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Даме Груев“.
Од страотниот удар Александар се здобил со тешки повреди и бил пренесен во кавадаречката болница каде починал.
На местото на несреќата увид извршија јавен обвинител и екипа на СВР Велес.