Општината најавува проект за решавање на проблемот со водоснабудањето во Неготино
Недостигот од вода за пиење посебно во Неготино е изразен во текот на летото. Неготинци го чувствуваат овој проблем и очекуваат истиот да биде решен, како што тоа се случи во соседно Кавадарци.
Веќе подолг период општината бара начини за значително подобрување на недостигот на вода и континуирано водоснабдување.
„Ќе се реши проблемот со водоснабдувањето на 16 улици во Неготино и ќе се изгради нов резервоар за вода со капацитет од 5.000 метри кубни“. Ова го најави Петар Самандов од одделението за комунална дејност на општина Неготино. Тоа ќе значи дека голем дел од граѓаните на Неготино ќе имаат редовно водоснабдување,нагласи тој.
Општината, со средства од буџетот , деновиве ја подготвува проектната документација со која што ќе аплицира во Светска банка за пари со кои ќе се овозможи реализација на проектот. Истиот, како што најавија од општината треба да се реализира до крајот на 2014 година, за кога се очекува и решавање на проблемот со загубите на водата и со рестрикциите во Неготино.