Започна втората фаза за реконструкција на патот Тимјаник-Долни Дисан
Од денеска стартуваа градежните работи од втората фаза за реконструкција на патот Тимјаник-Долни Дисан. Ќе се доасфалтираат 1,5 км од овој патен правец кој е меѓу најфрекфентните во општина Неготино.
На свеченост стартот на работите го најавија директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.
„Првите 3 килеметри ги финансираше Агенцијата за државни патишта со средства во висина од 27.000.000 денари обезбедени од Европската банка за обнова и развој, додека останатите 1,5 километар до Д.Дисан ќе се уредуваат со средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со средства од 14.750.000 денари од кои 10.492.000 ги обезбеди Агенцијата, а општина Неготино учествува со 4.258.000 денари. Со средства од Агенцијата на ова подрачје се реконструира и патниот правец Курија-Паликура во должина од 3 километри “ рече директорот на Агенцијата, Љупчо Георгиевски.
Градоначалникот Апостолов информираше дека според проектот предвидено е тампонирање, проширување на коловозот од 4,5 на 5,5 метри и потоа асвалтирање на целиот патен правец во должина од 4,5 километри.