Започна „Неделата на виното“ во Неготино
Со форум на тема „Регионалниот вински туризам-можности и предизвици“ денеска во Неготин започнаа активностите од стопанско-туристичката манифестација по повод денот на лозарите и винарите Свети Трифун, „Недела на виното“.
„Во Македонија винскиот туризам е нов производ и како таков е дел од еднодневни туристички тури, а наша цел е да го унапредиме овој вид на туризам за кој и тоа како имаме потенцијал“ рече градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов.
Дегустација на вина и ракии произведени од индивидуални производители од неготинската општина и регионот, беше втората активност од празнувањето. Најдобрите примероци ќе бидат наградени во рамките на стопанско културната и туристичка манифестација “Недела на виното Свети Трифун 2014” година која денес започна во Неготино а ќе трае до петок.
Раководителот на секторот за локален економски развој при локалната самоуправа Неготино, Лолита Ристова рече дека на натпреварот учествуваат 30 мостри.
„Се работи за 14 примероци на црвени и 17 на бели вина како и 9 мостри на ракии. Целта е да се стимулира квалитетот при производството на вина и ракии од страна на индивидуалните производители во најголемиот лозаровинарски регион во државата“ рече Ристова.
Дегустацијата и натпреварот во категориите на бело и црвено вино произведено во винарници се закажани за утре. Најдобрите исто така ќе бидат наградени./А.Д