Единицата за специјални операции на АРМ донираше храна за семејство од селото Црвени Брегови
Семејството Османи од селото Црвени Брегови, неготиснско чија куќа неодамна беше опожарена денеска доби донација од АРМ. Донацијата се состои во прехрамбени производи кои се од голема потреба во овој период за Османи.
„Се одлучивме по повод 20 годишниот јубилеј од постоењето на Полкот за специјални операции и 1 март денот на единицата да доделиме прехрамбени пакети за социјално загрозени семејства. Во соработка со Центарот за социјални работи Неготино беше одлучено донацијата да им ја предадеме на ова семејство“ рече Спаско Јанчев, претставник на АРМ.
Семејството Османи и во изминатите денови добиваше помош во градежни материјали со цел да изградат нов дом и да го продолжат животот после големиот пожар кој го уништи нивниот дом и целата покуќнина./A.Д